DOM zname

По повод Светскиот ден на туризам, ДОМ потсетува дека нема туризам без екологија! Затоа упатува повик до туристичкиот сектор активно да се вклучи во акцијата за чистење што ја организира Министерството за животна средина идната сабота, на 5 октомври.

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска истакна: „Како пратеник, бев иницијатор на акцијата „Македонија без отпад”, заедно со колегите од ДОМ и невладината „Ајде Македонија ”. Владата ја поддржа  акцијата и лани се спроведе 2 пати, а се собраа вкупно 60.000 тони отпад. Акцијата „Македонија без отпад” стана традиционална и годинава ќе се прошири на сите општини што се спремни да се вклучат. ДОМ и понатаму инсистира на развој на туризмот, зашто се покажа дека е огромна можност за нови вработувања и економски развој.

Oд името на Комисијата за туризам на ДОМ, Насер Хот ги повика сите туристички работници: сопственици на хотелско-угостителски објекти и вработените во нив, сопственици на помали приватни пансиони и други семејни бизниси во туризмот, туристички водичи, вработените во државните и локалните институции надлежни за туризмот, да се вклучат во акцијата „За Чиста Македонија“, да ја исчистат околината на туристичките и кулурните објекти и со тоа да придонесат кон позитивниот впечаток што сите посетители на нашата земја ќе го понесат оттука.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета