DOM zname

На сите граѓани на Република Македонија ДОМ им ги честита двата македонски Илиндени – јубилејниот – 110 години од Првиот македонски Илинден, и вториот, асномскиот, од пред 69 години.

ИЛИНДЕН е камен-меѓник во свеста на македонските граѓани според кој нашата историја ја определуваме на онаа пред и онаа по него, на онаа поробена и со векови згазена Македонија и онаа која го дига гласот и оружјето против јаремот и неправдата и со крената глава ја освојува својата слобода. 

Оваа, 2013 година, со пиетет се потсетуваме на херојските визии и дела на нашите предци и на нивниот сон, остварен речиси еден век по Првиот Илинден – суверена и независна Република Македонија, во која  нивните потомци како светост го чуваат аманетот што тие им го оставиле – борбата за слобода и, според Гоцевата парола, борбата „за свет како поле за културен натпревар меѓу народите“.

ДОМ потсетува дека таа борба се уште трае – тоа е борбата за името и за идентитетот, предизвикот со кој се соочува оваа генерација во новиот милениум. Тоа е испитот на мудроста, на достоинството и на зрелоста на новите генерации македонски граѓани и политичари.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета