liljana-popovska-450x272

До

Неговото Блаженство

Архиепископот Охридски и Македонски

Господин Господин Стефан

Скопје, 12 јуни 2013 г.

Почитуван Господин Господин Стефан,

Со длабока тага и почит Вам и на Светиот Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Ви изразувам сочуство за упокојувањето на Владиката Кирил, од име на ДОМ и од мое лично име.

Владиката Кирил ќе остане забележан во аналите на Македонската Православна Црква како еден од нејзините реформатори и борец за нејзино возобновување. Пред половина век, во сосема поинакви општествено-политички собитија тој, како вистински интелектуалец, имаше доблест да ја види иднината не само на Светата МПЦ туку и на Македонија како држава. Неговото визионерско дело е вткаено во самата основа на нашата државност и суверенитетот на Република Македонија, што го направи вистински духовен водач и човек од висок авторитет.

Затоа неговото заминување во вечноста е загуба не само за МПЦ – Охридска Архиепископија и православните верници, туку и за Република Македонија и за секој нејзин граѓанин.

Со ова ја изразувам нашата огромна благодарност и почит за неговото благородно дело и визија.

Нека му е вечна слава!

Лилјана Поповска

Претседател на ДОМ