DOM zname
Центарот за Истражување и Креирање Политики по  теренската и телефонска анкета спроведена во месец aприл на репрезентативен примерок од 1104 испитаници  ја потврдува позитивно политката која ја води ДОМ како зелена партија.
По прашањето „Која партија најдобро се грижи за животната средина?“, 17 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО – ДПМНЕ, но исто така, 17 отсто од испитаниците се изјасниле и за ДОМ. Останате партии добиле незначителна подршка по ова прашање. 
На прашањето „Кој лидер на политичка партија сметате дека е најтолерантен?“, 21 отсто се изјасниле за Никола Груевски, девет отсто за Али Ахмети, шест отсто за Бранко Црвенковски и пет отсто за Лилјана Поповска. 
На прашањето „Која партија води најразумна (најумерена) политика?“, 24 отсто се изјасниле за ВМРО – ДПМНЕ, девет отсто се изјасниле за ДУИ и СДСМ, три ипол отсто се изјасниле за ДПА и три отсто се изјасниле за ДОМ. 
За перцепцијата на граѓаните за претседателите на македонските партии, единствената жена лидер на македонска партија, Лилјана Поповска има попозитивно мислење од лидерот на опозицијата. Па така, Лилјана Поповска ужива  позитивно мислење од 18 отсто од испитаниците, додека 29 отсто искажале негативно мислење. За Бранко Црвенковски позитивно се изјасните 11 отсто од испитаниците, додека 57 отсто искажале негативно мислење. 
Додека 37 отсто негативно мислење за Никола Груевски, а 34 отсто искажале позитивно,
 На прашањето, Доколку утре би се одржале парламентарните избори, 22 отсто од испитаниците би го дале својот глас за ВМРО – ДПМНЕ, 10 отсто за СДСМ, девет отсто за ДУИ, четири отсто за ДПА.Од другите партии два отсто се изјасниле дека ќе го дадат својот глас за НДП и еден отсто за ДОМ . Ако се исклучат испитаниците кои не се определиле за ниту една партија или немале мислење, за ВМРО – ДПМНЕ се изјасниле 41 отсто, за СДСМ 19 отсто, за ДУИ 17 отсто и за ДПА  осум отсто. Од другите партии, три отсто се изјасниле дека ќе го дадат својот глас за НДП, и еден ипол отсто за ДОМ.