lile seminar mavrovo

Од 1 до 5 мај 2013 година се одржуваат 34. Денови на Евангелистичката црква, меѓународен фестивал во Хамбург, Сојузна Република Германија, на кој учествуваат сто илјади гости. 

Во рамките на настанот, на 3 мај, ќе се одржи подиумска дискусија на тема Европа: Солидарност во кризата; Преглед на економската и финансиска криза, на која како претседател на ДОМ и член на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, ќе земе учество пратеникот, г-ѓа Лилјана Поповска

Учеството на оваа дебата е организирано  во соработка со почесниот конзул на Република Македонија во Сојузна Република Германија, г. Холгер Михаил Арндт. 

На дебатата пратеникот, г-ѓа Поповска ќе се обрати со осврт за Македонија и процесот за евроинтеграција, а нејзини соговорници на темата ќе бидат Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент, Свен Гиголд, пратеник во европскиот парламент од редовите на Сојуз 90/ Зелени, д-р Ролф Штраух, член на претседателството на Европскиот механизам за стабилизација од Луксембург и Холгер Михаел Арндт, почесен конзул на Република Македонија во Сојузна Република Германија.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета