lile seminar mavrovo

По покана на организаторите на Германските денови на евангелистичката црква,г-ѓа Лилјана Поповска, Претседателката на ДОМ и член на комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, денес дискутираше на панелот со темата „Европа: Солидарност во криза.”.

Тоа беше дебата за солидарноста, Европа, Македонија и Грција со г-дин Мартин Шулц, Претседателот на Европскиот парламент, на која Поповска го објасни проблемот околу грчката блокада на Македонија со барање за промена на името и идентитетскиот пакет како пример на отсуство на солидарност помеѓу соседи. Посебно ја нагласи силната посветеност на земјата да биде дел на ЕУ затоа што ги споделува истите вредности и ги исполнува бараните критериуму веќе 4 години. Побара Европа да има ист третман кон нас без двојни стандарди и да си ги почитува принципите и критериумите што сама ги донела. Панел-дискусијата се оддржа денес од 11.00 до 13.00 ч. во рамките на 34. Германски денови на евангелистичката црква пред повеќе од 1.000 гледачи во Талиа-театарот во Хамбург , Германија.

На дискусијата му претходеше вовед во актуелната економска и финансиска криза во Европската Унија од страна на Свен Гиголд, пратеник во Европскиот парламент од редовите на Зелената партија. Модерацијата ја водеше г-ѓа Урсула Вајденфелд, новинарка од Потсдам.

Германските денови на евангелистичката беа отворени на 01. Мај и ќе траат до 05. Мај 2013 год. Тие се оддржуваат редовно секоја втора година од завршувањето на втората светска војна во различни германски градови и претставуваат значаен форум за сите релевантни теми на германското општество. Секојдневно, манифестацијата ја посетуваат над 100.000 редовни посетители од цела Германија, а се оддржуваат 2.500 манифестации на различни локации во целиот град во текот на петте дена. Темите се разновидни, се дискутира на религија, меѓународна политика, култура, еднаквоста на жените и мажите, заштита на природата и многу други теми.

Манифестацијата беше отворена од Бискупот на Евангелистичката црква за Хамбург и Претседателот на Сојузна Република Германија, г-дин Јоахим Гаук.

Денес на манифестацијата ќе учествува и Претседателот на Владата на Сојузна Република Германија, г-ѓа Ангела Меркел.

Во текот на нејзиниот престој во Хамбург, г-ѓа Поповска ќе оствари средби со германски парламентарци, претставници на Евангелистичката црква и директорот на Конрад Аденауер Фондацијата во Хамбург.

Почесните конзули на Република Македонија за Хамбург и Северна Рајна Вестфалија ја придружуваат г-ѓа Поповска во текот на нејзиниот престој во Хамбург.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета