DOM zname

- Во широката коалиција ,,За подобра Македонија’’ во која влегоа 20 партии, се наоѓа и Демократската обнова на Македонија која според искажувањето на предводникот на оваа коалиција ВМРО-ДПМНЕ внесува нова свежина и дух.

Инаку, ДОМ во оваа извесно победничка коалиција влегува со тројца кандидати за пратеници – во Изборна едница бр. 1, во ИЕ бр. 3 и во ИЕ бр. 6, односно со лидерот на Партијата Лилјана Поповска, со членот на Извршниот одбор Звонко Шаврески и со претседателот на Општинската организација на ДОМ – Тетово Горан Синадиновски
Дека ДОМ е особено респектирана партија од страна на предводникот на коалицијата покажува и фактот што претседателтака Лилјана Поповска е на второто место во ИЕ 1, веднаш зад лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Република Македонија, Никола Груевски.