lile seminar mavrovo

До Г-н Валериус Симуликс,

претседател на Групата за меѓупарламентарни односи

со Западен Балкан во Парламентот на Литванија

Скопје, 24 јули 2013 година

Почитуван г-не Валериус Симуликс,

Ви се обраќам како на колега, со кој ни е заедничка заложбата за унапредување на односите и пријателството меѓу нашите две земји, Република Македонија и Литванија. Повод за моево обраќање е вчерашната презентација на Амбасадорот на Литванија задолжен за Република Македонија, г-нот Ренатас Јушка, за приоритетите на литванското претседателство со Европската Унија, што се одржа во македонското Собрание.

Сакам да Ве информирам колку големо беше разочарувањето на присутните пратеници што Македонија не беше ни спомната во приоритетите, а уште поголемо кога Амбасадорот објасни дека тоа е намерно, поради немање напредок во земјата. Притоа особено зачуди неговата реторика, несоодветна за дипломатската комуникација. Зачудени останавме и подоцна истиот ден, кога преку медиуми чувме поинаква изјава од Министерот за надворешни работи на Литванија, г-н Линкевичиус во Брисел, по што се наметна прашањето, дали Амбасадорот говорел во лично име или во име на својата земја?

Почитуван колега, верувам дека ќе ги пренесете нашите чуства од обраќањето на Вашиот амбасадор до Вашето министерство за надворешни работи, по што очекувам коректна комуникација, во дух на пријателство и заемно почитување.

Истовремено, Ве замолувам, преку Групата за меѓупарламентарни односи со Западен Балкан, да го иницирате спроведувањето на Препораката за неодложно започнување преговори за влез на Република Македонија во Европската Унија, веднаш и без условување, со оглед на фактот што веќе четири години по ред добиваме позитивни извештаи за напредок во реформите.

Како што е познато, комисиите за европски прашања на трите Балтички земји – Литванија, Латвија и Естонија, поднесоа писмена Препорака за поддршка на евроинтеграцијата на нашата земја до данското претседателство, на состанокот на КОСАК во Вилнус, на 24 февруари 2012 година.

Почитуван г-не Симуликс, со оглед на досегашната поддршка на Литванија за Република Македонија во процесот на евроинтегрирање, верувам дека се разбирливи нашите очекувања таа да продолжи и сега, кога сте претседавач на Европската Унија. Во досегашната политичка соработка сме имале големо меѓусебно разбирање, во кое помогнала сличноста на државите во многу аспекти, меѓу кои и историскиот пат до независност и меѓународна афирмација.

Со отворена покана за натамошна соработка помеѓу нашите Парламенти, останувам со почит.

Лилјана Поповска, претседателка на Групата за соработка со Балтичките земји на Собранието на Република Македонија

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета