maja sobranie

18. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Северна Македонија и ЕУ, кој се одржа во виртуелен формат, го отвори ко-претседавачот и европратеник Андреас Шидер, повикувајќи ги земјите членки да го исполнат ветувањето и во најскоро време да биде организирана првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на прегoворите за членство. Го поздрави и усвојувањето на Резолуцијата за нашата земја во Европскиот парламент и нагласи дека ЕУ останува посветена да го поддржи процесот на интеграција заснован на владеење на правото, отворен демократски дијалог, мултиетничка хармонија и добрососедски односи. Ко-претседавачот на Комитетот, пратеникот Биљал Касами ја поздрави континуираната посветеност на Европскиот парламент, особено поради фактот што Република Северна Македонија направи многу и е позитивен пример со својот пристап кон решавањето на споровите. 

Тој нагласи дека по изборите во април во Бугарија, очекува јасен патоказ од страна на европските институции. Евроинтеграциите за нас се значаен двигател на внатрешните реформи и доколку има понатамошни одложувања, може да се случи високиот процес на поддршка кој го негувавме со децении да прерасне во евроскептицизам и предизвика сериозни последици по земјата, но и во целиот регион, заклучи Касами. 

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, ја поздрави Резолуцијата во ЕП и компромисот постигнат во однос на билатералните прашања да не смеат да бидат користени за блокирање на пристапниот процес, но изрази разочарување за неусвојување на амандманот со кој се повикуваа бугарските власти да се воздржат од провокaтивни изјави кон нашата земја. Почетокот на преговорите го оцени како тројна победа за Скопје, Софија и ЕУ. Г-ѓа Ѓеновева Руиз Калавера од Европската комисија го пофали реформскиот ангажман на владата, особено планот за борба против корупцијата и ги повика сите политички чинители конструктивно да работат во интерес на граѓаните. Таа укажа на скратените постапки, кои оневозможуваат квалитетна дебата во Собранието и дека сите билатерални договори треба да се имплементираат во добра волја од сите страни. Почетокот на преговори е врвен приоритет за ЕУ и не е прашање дали, туку кога, беше главната поента на г. Maрко Марковец од Европската служба за надворешни работи. Тој истакна дека високо се цени напредокот на земјата и начинот на кој се справува со сите предизвици, а проблемот со Бугарија го оцени како моментално застранување од европскиот пат и повика на надминување на застојот.

Во дебатата се вклучија и пратениците од двата парламента. Пратеникот Тимчо Муцунски посочи дека нивниот партиски приоритет е фокусиран на борбата против корупцијата, Ковид-19 и креирањето поволна средина за медиумите. Почетокот на преговори ќе испрати силна порака за проевропските сили не само во ЕУ, туку и во регионот, заклучи Муцунски. Европратеничката Ирена Јовева зборуваше за според неа срамното вето на Бугарија и повика на продолжување со реформите за владеење на право и антикорупцијата. Пратеничката Фиснике Бектеши Шаќири го истакна напредокот во интеграциите. Земјата е нова историја на успехот во Балканот, успешно промовирајќи ги добрососедските односи и регионалната соработка. Според неа, доколку е ЕУ за нас и ние ќе бидеме за ЕУ. 

Европратеничката Марион Валсман наведе дека со овој состанок јасно се докажува дека сака Македонија да биде дел од ЕУ. Ги поздрави реформите и Жан Моне дијалогот, но апелираше на градење политичка култура за спроведување на реформите.  Пратеничката Соња Мираковска зборуваше за амбициозниот план за одржување надзорни расправи во следните месеци, како дел од стратегијата за борба против корупцијата и за одговорност на институциите пред Собранието. Пратеничката Маја Морачанин, посочи дека ЕУ се заснова на различности на јазици, култури и обележја, што претставува богатство, па оттаму секакво негирање на македонскиот идентитет е спротивно на овие вредности. Го поздрави Европскиот зелен договор како дел од програмата на владата 2020-2024 година и усогласувањето со целите на овој договор. Европратеникот Владимир Билчик укажа на позитивните словачки искуства од неодамнешното минато за разрешување на историските прашања со соседите. 

По завршување на состанокот, двајцата ко-претседавачи излегоа со заедничка изјава

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета