Координаторката на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, Маја Морачанин, оствари средба со евроамбасадорот Н.Е. Дејвид Гир.

Moracanin Gir 1

Тој истакна дека почитувањето на човековите права и слободи, вклучително и правата на ЛГБТИ луѓето се фундаментална европска вредност.

Евроамбасадорот Гир го поздрави усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и усвојувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Moracanin Gir 2

Пратеничката Маја Морачанин го информираше евроамбасадорот за работата на Групата во изминатиот период и за следните планирани активности.

Н.Е. Дејвид Гир упати честитки за повторното формирање и досегашната работа на ИППГ за правата на ЛГБТИ луѓето.

На средбата беше договорена понатамошна заедничка соработка со цел унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето.