Викендов зелената партија ДОМ спроведе стратешко планирање за зелени политики со раководството на партијата и советниците. Настанот се одржа во Демир Капија, во организација на Зелениот институт и холандската фондација Биро де Хелинг. Заради заштита на здравјето, учесниците работеа на отворено, со почитување на соодветните протоколи.14.09.2020.jpg

Договорена e интензивна координација помеѓу претставниците на ДОМ во Парламентот, во локалните совети и во институциите на национално  и локално ниво. Приоритет во делувањето останува зазеленување на урбанизмот и борба против прекумерно градење што ги задушува градовите. Фокусот е на решителна борба и казнување на загадувачите на воздухот, водите и почвите. Се инсистира на современ начин на решавање на отпадот и грижа за заштитените подрачја. Се бараат сериозни средства од државниот и локалните буџети за премин од фосилни извори на енергија кон сонце и ветер, за сончеви панели на јавните објекти, како и за изработка на катастри на зеленило и катастри на загадувачи.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета