Зелената партија ДОМ на сите македонски граѓани им го честита државниот празник 8 Септември - Денот на независноста! Денес, 29 години по нашето осамостојување, за прв пат, овој светол празник го прославуваме како полноправна членка на НАТО и добиена одлука за почеток на преговори со Европската унија.

domzname

 

Започнувањето преговори со ЕУ е поттик за понатамошен развој на европските вредности за демократија, владеење на правото, почитување на човековите права, социјална правда, солидарност, одржлив развој и чиста и здрава животна средина.

Европеизацијата на македонското оштество и справувањето со здравствените и социо-економските последици од корона кризата, нека бидат мотив за заедништво и обединетост, за успешно справување со сите предизвици.

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста!

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета