За зелената партија ДОМ барањето на ДУИ за премиер по етнички клуч е неприфатливо затоа што води кон поделеност на македонското општество, подем на национализмот и претставува закана за општествениот систем и современиот граѓански концепт-едно општество за сите. Премиерската функција не смее да се претвори во “весела математика”, од типот 1+3, 2+2, 3+1. Дополнително, ротацијата на премиерската позиција би можела во иднина да стане пракса и за други политички функции што би довело до нефункционалност на институциите.

DOM ZNAME

ДОМ смета дека сите политички субјекти треба да покажат одговорност и конструктивност, да ја остават зад себе предизборната популистичка реторика и да ги стават интересите на граѓаните и државата пред партиските интереси.

Евроинтеграцијата, владеењето на правото, справувањето со здравствените и социо-економските предизвици од корона кризата како клучни приоритети на идната Влада, презентирани од мандатарот Заев, претставуваат принципиелна основа за обединување на различни политички субјекти и формирање парламентарно мнозинство и нова Влада.

ДОМ бара во Програмата на идната Влада да бидат вградени и принципите на Европскиот зелен договор на Европската Унија, за ефикасна борба против климатските промени и загадувањето на животната средина и заштита на биодиверзитетот.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета