DOM zname

Демократската обнова на Македонија, денеска, 02.06.2014 година, во 12.30 часот, ќе оствари средба со Претседателот на државата проф. д-р Ѓорге Иванов на која ќе се истакнат заложбите за климатските промени и нивното влијание. На средбата ќе присуствуваат претседателката на ДОМ г-ѓа Лилјана Поповска, потпретседателите проф. д-р Денко Скаловски и проф. д-р Бети Дејанова, како и секретарот на партијата Стево Темелковски, заменик министер за животна средина и просторно планирање.

За текот и заклучоците од средбата ќе следат дополнителни информации.