DOM ZNAME

Зелената партија ДОМ им честита на сите граѓани кои придонесоа парламентарните избори да се спроведат во фер и демократска атмосфера, со доследно почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

ДОМ е длабоко загрижен од случувањата со хакерскиот напад врз ДИК и бара надлежните институции да спроведат темелна истрага и за тоа детално да ја информираат јавноста.

Изборите уште еднаш ја потврдија оправданоста на нашите барања за промена на изборниот модел, со една изборна единица, отворени листи и 50% жени на листите. Овие измени на Изборниот законик, вклучително и внесување на препораките од ОБСЕ/ОДИХР, за ДОМ ќе бидат еден од приоритетите во собраниското дејствување. Во следниот период остануваме целосно посветени на реализирање на Зелениот пост-корона план, за развој на зелената економија, социјална правда и еднакви можности за сите.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета