Зелената партија ДОМ го поздравува донесувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со примената на оваа Уредба, ќе се овозможи отстранување на дивоградбите и враќање во првобитна состојба на 25 плажи долж Охридското Езеро.

DOM ZNAME

Ова придонесува и за спроведување на мерките за заштита на крајбрежјето утврдени со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион што Владата го усвои во јануари 2020 година. Исто така, влијае на намалување на негативните влијанија од масовниот туризам врз квалитетот на водите, биолошката разновидност и пределските карактеристики на подрачјето, како и на зачувување на УНЕСКО статусот.

ДОМ апелира Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи да обезбедат доследно спроведување на оваа Уредба.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета