Зелената партија ДОМ ја поздравува одлуката на Владата за координирани инспекциски надзори врз градбите во крајбрежјето на Општините Охрид и Струга, вонредна ревизија на легализацијата на бесправно изградените објекти во Општина Струга и инспекциски надзор врз работите на ревитализацијата на Старата скопска чаршија.

DOM ZNAME

 

Оваа одлука се надоврзува на нашите заложби за спречување недозволени градежни активности во крајбрежјето на Охридското Езеро и надминување на конзерваторските пропусти при ревитализацијата на Старата скопска чаршија.

Бараме, во согласност со Законот за инспекциски надзор, да се објават резултатите од спроведените координирани инспекциски надзори врз градежните активности или несоодветната пренамена на земјоделско земиште во крајбрежјето во Општините Охрид и Струга, како и од извршениот надзор врз работите на реконструкцијата на Старата скопска чаршија.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета