94878471_1502945086539419_5634617185314799616_o.jpg

Zoom kонференција „Зелена економија за излез од корона кризата“, 7 мај 2020 година, (утре, четврток), 12:00 - 13:30 (Zoom:https://us02web.zoom.us/j/82640657883).
 Целта е да се дојде до заклучоци за потребните мерки за институционална поддршка на „озеленувањето“ на економијата од аспект на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.



Конференцијата ќе отвори две клучни прашања за економското закрепнување на македонското општество:
1) Кои се перспективите за економски развој на македонското општество по корона кризата?
● зелена економија како реалистичен, фер и одржлив економски модел;
● отворање нови зелени работни места (паметни технологии, органско земјоделие, енергетика, зелени градови, еко-туризам и др.);
● еколошки решенија за „озеленување“ на економијата и заштита на здравјето.
2) Како државните и локалните институции ќе овозможат отворање зелени работни места?
● едукација на граѓаните, бизнисот, политиката;
● дополнувања во регулативата (закони и подзаконски акти);
● јакнење на капацитетот на институциите;
● финансиска поддршка (буџет и др. извори).

На настанот се поканети експерти од областа на животната средина, претставници на институции и граѓански организации, еко-активисти и медиуми. Целта е низ дебата да се дојде до заклучоци за потребните мерки за институционална поддршка на „озеленувањето“ на економијата од аспект на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Истовремено, корона кризата наметна потреба и за редизајнирање на работните стандарди и прифаќање нова култура на живеење и работење, од аспект на заштита на здравјето на вработените.

Покана

Агенда

Facebook link: https://www.facebook.com/events/2625143644427321/?active_tab=about

Брошура

 



Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета