Зелената партија ДОМ искажува задоволство од одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за почнување на пристапните преговори со Македонија. Оваа долгоочекувана одлука ја исправи грешката од октомврискиот самит на ЕУ и ги валоризира успесите во спроведените реформи во изминатиот период. Таа е потврда на европската перспектива како стратешка цел на нашата држава.

domzname

Во текот на долготрајниот и тежок процес за започнување на преговорите имавме целосна поддршка од нашите пријатели од Европските зелени, за што ДОМ како полноправна членка на Европската зелена партија, искрено им се заблагодарува.

Преговорите за членство во ЕУ ќе бидат дополнителен мотив за понатамошен развој на европските демократски вредности, владеење на правото, борба против корупцијата, почитување на човековите права, социјална правда, солидарност, заштита на животната средина и климата.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета