Зелената партија ДОМ најостро го осудува одлагањето на донесувањето на Одлуката за продолжувањето на мораториумот за градење и легализација на дивоградби од страна на Советот на Општина Охрид. ДОМ бара итно закажување седница на Советот на Општина Охрид и Општина Струга и усвојување на Одлуката. Со носењето на оваа Одлука ќе овозможат спроведување на мерките за заштита утврдени со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

DOM_ZNAME.jpg

 Доколку Општините не ги почитуваат одредбите на овој План, и покрај сите заложби на Владата за постапување по препораките на УНЕСКО, ќе ги изгубиме вредностите на наследството, заради кои тоа ужива статус на заштита и заради кои туристите го посетуваат. Доколку не се спроведуваат препораките на УНЕСКО, статусот на светско наследство на Охридскиот регион, може да биде изгубен уште летово.

ДОМ бара овластените општински инспекторати за градење и Државниот инспекторат за градење да си ја работат работата и да се справуваат со дивоградбите. Веднаш да се отстранат активните дивоградби и доколку е потребно Министерството за внатрешни работи да обезбеди асистенција од полицијата. Институциите мора да го применуваат Законот!

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета