84781343_204251187426559_1898558145366589440_n.jpg

Денес, во Скопје, зелената партија ДОМ организираше трибина на тема “Перспективите на македонската евроинтеграција” на која пред присутните се обратија генералната секретарка на Европската зелена партија, Мар Гарсија, лидерката на ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин, пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, претседателот на Комисијата за надворешна политика на ДОМ, Емил Крстевски и претседателот на МОДОМ, Бојан Петровски.

Мар Гарсија ја истакна силната поддршка на Европските Зелени за започнување на преговорите на Р.С. Македонија со ЕУ, во најкус можен рок. Таа се осврна и на Резолуцијата за отпочнување на пристапните преговори на Р.С. Македонија со ЕУ, која Европските Зелени ја усвоија во ноември минатата година и во која се истакнува придонесот на ДОМ за приклучување на земјата кон Европското семејство. Го потенцираше и задоволството од дејствувањето на ДОМ за развој на зелените вредности, особено за заштитата на животната средина и климата што беше и причина за одлуката следниот Совет на Европските Зелени да се одржи оваа година во јуни, во Скопје.

Маја Морачанин го истакна придонесот на ДОМ како современа прогресивна зелена партија за евроинтеграцијата на Македонија. “Донесовме тешки и храбри одлуки во интерес на европската перспектива на граѓаните и државата. Очекуваме ЕУ да го исполни ветеното и оваа пролет да ги започнеме пристапните преговори”-рече таа.

Лилјана Поповска ја потенцираше одличната соработка со Европските Зелени и нивната континуирана поддршка за ДОМ и за Македонија. Се осврна и на потребата од отворање на поглавјето за животна средина и климатски промени на почетокот од преговорите, зашто тоа е област за која се потребни значителни финансиски средства и експертиза.

Емил Крстески зборуваше за новата методологија за проширување на ЕУ и истакна дека процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе продолжи.

Бојан Петровски ја образложи моменталната состојба на младите во Македонија и нивните очекувања за европеизација на општеството во клучните сфери како образование, владеење на правото и почитување на човековите права и слободи.

Во дебатата се вклучија и присутните граѓани упатувајќи прашања поврзани со евроинтеграциските процеси.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета