22281931 1649859168366565 3928002786564844023 n 1 2

ДОМ бара итна истрага и разврска на скандалот со криминален третман на медицински отпад кој необработен завршувал на депонијата „Дрисла“. На потег е Јавното обвинителство, до кое е пријавен случајот уште во декември 2019 година. Бараме да се направи темелна проверка на целосната документација и финансиското работење на фирмата „Еко клуб“ и да се истражи зошто не се вршени професионални контроли од страна на Државниот инспекторат, кој е директно надлежен за контрола на вакви фирми.

Случајот беше откриен и пријавен од функционерите на зелената партија ДОМ, Мирослав Богдановски, потпретседател на ДОМ и раководител на градскиот инспекторат во Скопје и Дејан Димитровски, советник во општина Гази Баба. Тие покажаа како чесно и одговорно се работи во заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Го повикуваме и Државниот инспекторат за животна средина да го следи овој позитивен пример.

Потсетуваме, дека во кусиот период додека Богдановски раководеше со Државниот инспекторат, за првпат по долги години беше направена инспекциска контрола во „Дрисла“. Утврдено беше непрописно работење со инсинераторот за горење на медицински отпад. Беше изречена казна, забрана за работа и дадена наредба да се набави филтер за да се спречи аерозагадувањето.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета