84204654 2426617234334471 1939881451650547712 n 696x539

На прес конференцијата во Град Скопје на која се обелодени скандалот со третман на медицински отпад во погоните на МЗТ од страна на фирмата ,,Еко клуб“, главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски, образложи дека начинот на кој се третирал отпадот е исклучително опасен.

,,Загрижен дека ниту една друга институција не презема никакви мерки за да ги заштити граѓаните кои живеат во околината на фирмата од можни заразни болести, Богдановски бил приморан да влезе и да ги фати на дело како вршат несоодветно третирање на опасен отпад“-велат од Инспекторат на Град Скопје.

Според Инспекторатот, Богдановски реагирал професионално и одговорно затоа што имал многу јавувања од граѓани дека во кругот на фирмата подолго време се случува нешто сомнително, се шири непријатен мирис и дека отпадот не се третира соодветно.

На прес-конференцијата, инспекторот Богдановски детално ги образложи фотографиите и видеоматеријалот кои експлицитно го потврдуваат ужасот што претставува потенцијална бомба за епидемија.

– Машината за преработка на медицинскиот отпад за време на контролата не беше во функција и отпадот не беше соодветно третиран, со што отвораше можност за ширење опасни зарази по животот на луѓето и животните. Медицинскиот отпад се обработуваше во машина за сечење која што само го дроби отпадот, но не ги уништува бактериите. Таквиот непреработен медицински отпад го префрлаа во камион којшто не е соодветен за транспорт на ваков тип инфективен и опасен отпад за потоа да биде транспортиран во „Дрисла“ како обичен отпад – објасни Богдановски.

Picture1

Целиот доказен материјал за овој скандал е доставен до Јавното обвинителство.

Picture2

Градоначалникот Петре Шилегов побара брза и сеопфатна реакција на сите надлежни институции.

Извор: https://ako.mk/

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета