European Greens DOM Flag

Делегација на Европската зелена партија предводена од генералната секретарка, Мар Гарсиа од 5 до 8 февруари ќе престојува во Скопје, во посета на зелената партија ДОМ.

Посетата се реализира со цел започнување на подготовките за претстојниот Совет на Европските Зелени што ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Скопје, оваа година.

Во рамките на посетата, Мар Гарсиа ќе учествува како панелист на трибината организирана од ДОМ на тема “Перспективите на македонската евроинтеграција”, која ќе се одржи на 6 февруари во хотел Арка, со почеток во 12 часот.

Наредниот ден таа ќе оствари средба со техничкиот премиер, Оливер Спасовски и досегашниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

На 8 февруари, генаралната секретарка на Европските Зелени ќе се обрати на свечената промоција на Програмата 2020-2024 на зелената партија ДОМ, во Сити Хол, со почеток во 12 часот.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета