80866847 982425935476255 5709183435390582784 n

Зелената партија ДОМ денес во Штип одржа трибина на тема, Иднината е зелена. Пред присутните се обратија Мартин Каровски, Емил Крстески, Ана Петровска, Лилјана Поповска, Мирослав Богдановски, Љупчо Јаневски и лидерката на ДОМ, Маја Морачанин. Учесниците ги поздрави градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Говорниците се осврнаа на донесениот Закон за урбано зеленило, одземањето на концесиите на рудниците Казандол и Иловица, измените на Законот за минерални суровини со забрана за отворање рудници од отворен коп со цијаниди и сулфурна киселина. Присутните беа информирани за тековните активности на пратеничките од ДОМ, за предложените измени на Изборниот Законик со една изборна единица, отворени листи и 50 проценти жени на листите, како и за забрана на увоз на отпад како енергенс. На трибината се истакна големата поддршка за ДОМ и за евроинтеграциските процеси на Македонија од страна на Европските зелени. ДОМ ќе биде домаќин на следниот Совет на Европската зелена партија, во јуни 2020 година, во Скопје.

79780498 1092948687703170 641279462431784960 n

Приоритет за ДОМ во следниот период е борбата со загадувањето на животната средина и климатските промени, борбата со корупција, со акцент на корупцијата во екологијата, како и унапредување на човековите права и еднакви можности за сите.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета