Зелената партија ДОМ го поддржува Инспекторатот на Град Скопје во професионалното и одговорно работење за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Ги повикуваме и останатите надлежни институции да го следат нивниот пример.

вонреден-инспекциски-надзор-0112-namalenaaaa-6.jpg

  

Во целост ја пренесуваме информацијата од Град Скопје

 

ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ДЕМАНТОТ ОД ДИЖС

Во врска со денешната информација за јавност од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за истекувањето на солна киселина во околината на фабриката МЗТ, Град Скопје ја информира јавноста за извршениот вонреден инспекциски надзор:

- На 01.12.2019 година (недела) по пријава од советник во општина Гази Баба за непријатен мирис со надразнувачко дејство во околината на фабрика МЗТ, дежурните екипи на Инспекторатот на Град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот. Се работи за правен субјект што работи со прекурсори, а на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, проследено со непријатна миризба и пареа (што се забележува на фотографиите што Ви ги испраќаме во прилог) и веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. При вонредниот инспекциски надзор од страна на овластениот инспектор за животна средина побарано е од правниот субјект да достави елаборат за заштита на животната средина, но беше констатирано дека правниот субјект не поседува елаборат за што е направен записник за понатамошно постапување (во прилог Ви го испраќаме записникот кој е потпишан од сопственикот на компанијата).

Град Скопје во целост ги отфрла наводите на ДИЖС за ширење лажни информации и клевети и сакаме да нагласиме дека станува збор за професионално и навремено извршување на работните задачи на Инспекторат на Град Скопје со цел спречување на поголема еколошка хаварија што би можела да биде предизвикана во овој случај. Согласно со законските прописи, надлежноста за постапување кај овој тип производствени капацитети е под Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од тие причини, Град Скопје го повикува ДИЖС да си ја врши работата согласно со надлежностите во интерес на заштитата на животната средина и за зачувување на здравјето на граѓаните.

Инспекторатот на Град Скопје е отворен за соработка со сите надлежни институции, кога е во прашање заштитата на животната средина.

 

вонреден-инспекциски-надзор-0112-namalena-3.jpg

Screenshot_2.png

 

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета