DOM ZNAME

Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, поднесоа вкупно единаесет амандмани на Буџетот, од кои осум за екологија во вредност од 33.000.000 евра и три за наука и високо образование во вредност од 1.900.000 евра.

И во овој буџет, како и во минатогодишниот, предлагаме дополнителни 23.400.000 евра за Програмата за аерозагадувањето, 293.000 евра за акредитација на централна лабораторија и набавка на нови мерни инструменти, 211.000 евра за реконструкција на пречистителната станица во Дојран и 9.146.000 евра за доизградба на колекторот на Охридското Езеро. Средствата од Програмата за аерозагадувањето би се употребиле за промена на горивата, поставување фотоволтаици и енергетска ефикасност за јавни објекти и домаќинства, како и за подигање на урбано зеленило. Со средствата, пак, за колекторскиот систем во Охрид, би се заокружила финансиската рамка за целосна обнова и изградба, која започна оваа година.

Во разделот за животната средина предлагаме дополнителни 650.000 евра за нов Просторен план, според пресметките на самото министерство. За обновување на шумскиот фонд бараме дополнителни 163.000 евра, имајќи ги предвид климатските промени и шумските пожари. Предлагаме дополнителни 300.000 евра за вработување нови 60 лица и 195.000 евра за набавка на нови возила во шумската полиција, за поефикасно справување со дивата сеча.

Имаме сериозни забелешки за нискиот буџет во високото образование и науката, поради што предлагаме 3 амандмани во најкритичните области. Конкретно, 743.000 евра за вработување на 50 професори и 50 асистенти на УКИМ како највисокорангирана институција во високото образование, 650.000 евра за научно-истражувачка работа и 500.000 евра за реконструкција на студентските домови.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета