72457412 464878594218701 5517247694894006272 n

Парламентарната Иницијативата за една изборна единица на денешната прес-конференција даде дополнителни објаснувања во врска со поднесените две предлог-измени на Изборниот законик, по изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, во која изрази двоумење во изводливоста. Предлагачите сметаат дека нема процедурални пречки за измени на Изборниот законик, ниту за неговото спроведување во пракса.

Осумнаесетте потпишани пратеници очекуваат дека двата закона ќе се најдат на дневен ред на следната собраниска седница, во согласност со Деловникот, истакна пратеничката Лилјана Поповска. Поднесени се пред 20 дена, на 8 ноември, а самата иницијатива за измени на изборниот модел е формално започната пред 2,5 месеци, на 11 септември, кога не се зборуваше за предвремени избори. Дополнително, самата тема за промена на изборниот модел се дебатира во јавноста повеќе од една деценија и во моментов има големо разбирање и поддршка за неа од граѓаните.

Што се однесува до првиот предлог-закон кој предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица во Републиката со 120 избрани пратеници, тој е едноставен и јасен како закон. Исто така е технички едноставен и изводлив процес, кој бара само нов формулар за гласачките ливчиња и нов софтвер за пребројување на гласовите. Гласачките места и одбори остануваат исти, различно е само собирањето на гласовите, кои одат сите на едно конто.

Вториот предлог-закон, пак, се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници, што досега ниедна партија не го оспорила, а е исто така барано подолго време од граѓаните. Втор елемент во овој закон е замената на родовата квота од 40% со наизменичен еднаков број мажи и жени на листите за парламентарни и за локални избори. Ова е долгогодишно барање на женското движење во Македонија и предлог на Клубот на парламентарки.

Како што нагласи пратеникот Рубин Земон, со предлог измените на Изборниот законик, воопшто не се задира во досегашниот изборен модел. Тој може да биде: мнозински, пропорционален или комбиниран. Со предлог измените останува пропорционалниот модел и Донтовата формула за пресметување на мандатите. Се менуваат само изборните единици, од 6 во 1 изборна единица.

Севкупно, Иницијативата за една изборна единица и сите потписници на двата предлог-закона се убедени дека со овие измени сериозно ќе се демократизира македонското општество.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета