domzname

Зелената партија ДОМ го осудува вандалското однесување на посетителите во објектот на Македонскиот народен театар и бара од надлежните институции ефикасно разрешување на овој случај и соодветно санкционирање на сите инволвирани лица.

Капацитетите на установите од областа на културата не треба да се користат за организирање на настани, со кои се руши угледот и се нанесува материјална штета на овие институции. Установите од областа на културата се бастион на уметноста и културата. Тие се јавно добро и им припаѓаат на граѓаните и на идните генерации. Затоа, должни сме да се однесуваме кон нив со достоинство и почит и да ги чуваме од уништување и вандализам.

Негувањето на културата и уметноста е од посебно значење и приоритет за секоја држава. Културата играла и ќе игра клучна улога во зачувувањето и промовирањето на вистинските етстетски и културни вредности, образованието и воспитувањето на идните генерации, зачувувањето на идентитетот и промоцијата на државата надвор од нејзините граници.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета