DOM ZNAME

Зелената партија ДОМ поддржува процес на ветинг на судии и обвинители, кој би го спроведувала Комисија во чиј состав би биле вклучени меѓународни правни експерти.

Со цел вклучување на искусни правници и зголемување на бројот на обвинители и судии, кој очекувано би се намалил со ветингот, ДОМ предлага поедноставување и забрзување на постапката за прием и завршување на Академијата за судии и јавни обвинители.

Дополнително ДОМ предлага трошоците во случаите на застарување на кривичните дела, да бидат на товар на обвинителите и судиите кои учествувале во постапката. Неправедно е од средствата на граѓаните-даночни обврзници да се плаќаат трошоците настанати поради неефикасно работење на одредени судии и обвинители.

ДОМ смета дека овие предложени реформи ќе овозможат ефикасно реализирање на принципите на владеење на правото, неселективна правда и борба со корупцијата. Со тоа ќе се зголеми и довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета