domzname
По раширените информации по социјалните мрежи дека една од причините за
аерозагадувањето е увоз, складирање и горење на опасен отпад во Македонија,
зелената партија ДОМ јавно бара одговор од надлежните институции. Тоа се:
Министерството за животна средина со Управата за животна средина, Инспекторатите
за животна средина, Министерството за економија, „Дрисла“, и Царинската управа.
 
Како граѓани, мора да знаеме дали се увезува опасен отпад и дали тој останува во
земјата, за да се складира на единствената официјална санитарна депонија „Дрисла“
или на некоја од многуте диви депонии, дали се гори и каде, дали се употребува како
гориво за некои од фабриките со А или Б-интегрирана дозвола, или за погони што
работат со елаборати?
 
Бараме споменатите институции да извршат внатрешна контрола на својата
документација и работење во оваа смисла и да дадат јавен одговор. Како граѓани,
бараме да биде заштитен јавниот интерес и да се преземат итни мерки, било во
измена на закони и подзаконски акти, било во санкционирање на евентуалните
прекршители на постојната регулатива.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета