European Greens DOM ZNAME

Зелената партија ДОМ им се заблагодарува на европратениците од Европската зелена партија за поднесената иницијатива за дебата и усвојување Резолуција за историската грешка за неотворање преговори со С.Македонија и Албанија, во европскиот парламент.

Благодарност и до сите европратеници од останатите партии кои со своите дискусии и огромно мнозинство гласови за резолуцијата, дадоа силна поддршка за европската интеграција на нашата земја.

Ко-претседавачот на Европските зелени и европратеник, Рајнхард Бутикофер, по усвојувањето на резолуцијата која содржи изразена критика кон Европскиот совет, изјави дека ова е уште еден пораз на Макрон во европскиот парламент.

“Неодговорната одлука на Европскиот совет да го одбие започнувањето на преговорите со С.Македонија и Албанија е навистина зачудувачка. Францускиот претседател Макрон носи особено тешка одговорност за оваа историска грешка со сериозни импликации. Зелените цврсто се залагаат за евроатлантската иднина на двете земји и ќе продолжат да се борат за фер партнерство со нив”-истакна Бутикофер.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета