dame gruev peticija

Зелената партија ДОМ иницираше Петиција за зачувување на зеленилото на улицата Даме Груев во центарот на Скопје под мотото: Сакаме Даме Груев да биде зелена улица! Повод за Петицијата е најавата за нејзино претворање во сообраќаен булевар на потегот од Палома бјанка до Макотекст, при што би се отстраниле повеќе дрвја, би се намалила пешачката и велосипедската патека, а би се зголемил бројот на автомобили, буката и сообраќајниот метеж.

Зелената партија ДОМ ги повикува граѓаните да се приклучат на иницијативата, во интерес на заштита на животната средина и квалитетен живот.

Петицијата можете да ја потпишете на следниот линк.