ilovica

ДОМ како зелена партија го изразува своето големо задоволство од одлуката на Државната второстепена комисија да ја одбие жалбата на канадската компанија која бараше дозвола за експлоатација на руда во рудникот Иловица-Штука. Со ова, рудникот Иловица остана само лош сон!

Не беше залудна тригодишната борба против отворање рудници. Дадоа резултат и протестите и референдумите на граѓанските иницијативи, но и институционалната борба преку носењето на изменетиот Закон за минерални суровини, со кој се забранува употребата на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со отворен коп. Тој беше подготвен од пратеничките на ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, а изгласан во јануари 2019.

Сега можеме да бидеме спокојни: Иловица не смее да се случи, затоа што предвидената технологија е во спротивност со измените на Законот за минерални суровини. Дополнително, според достапните податоци во јавноста, концесијата на канадската фирма е истечена во 2016, немаат дозвола за експлоатација, градежна дозвола, еколошка дозвола, ниту пак усогласеност со просторниот план.

Работата е чиста и така нека остане!

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета