krsteski arhiv

Во рамките на 40 средба на Бордот на директори на европските национални архиви на Европската унија, што се одржува во Хелсинки, учествува и д-р Емил Крстески, директор на Државниот архив на Република Северна Македонија, како земја набљудувач.

На дводневниот состанок во Хелсинки, глана тема се: искуствата на националните архиви на земјите-членки на Европската унија во однос на дигитализацијата, значењето на технолошкиот развој за напредокот на архивистиката, како и потребата од поголема транспарентност и отвореност на архивите за непречен пристап на домашни и странски истражувачи. Беше нагласено, исто така, и неопходноста од потесна соработка на националните архиви со државните институции, пред се, со Владите, Парламентите и локалните власти.

krsteski arhiv3

Директорот на Државниот архив е единствен претставник од земја која не е членка на Европската унија, што е привилегирана можност да се учествува на ваков собир и да се изнесат нашите размислувања и планови во однос на овие теми и прашања. Инаку, ваквите средби на Бордот на директори на националните архиви на ЕУ, на кои учествуваат и претставници на Европската комисија, се одржуваат двапати годишно, а домаќин е земјата претседавач со ЕУ.