hrana

Новиот Правилник донесен од Агенцијата за храна и ветеринарство овозможува фармерите и малите производители на храна од животинско потекло директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, со почитување на одредените хигиенски критериуми.

ДОМ ги поддржува активностите кои Агенцијата во соработка со експертите и граѓанските здруженија ги планира за носење на ваков правилник и за малите производители на храна од растително потекло, со што ќе се комплетира поддршката на локалните производители на храна.

Тоа придонесува за развој на зелената економија и отворање нови зелени работни места. Директно влијае на економското јакнење на локалните производители, поттикнување на традиционалниот начин на производство на храна, поголема понуда на овие производи и развој на руралниот и еко-туризмот. Најголеми се придобивките за локалното население, особено во недоволно развиените подрачја со што се создаваат можности за рамномерен регионален развој. Дополнително, со користење на локално произведена храна се намалува потребата од транспорт што влијае на намалување на аерозагадувањето и климатските промени.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета