6. MODOM LOGO za soopstenija na web

Младинската организација на зелената партија ДОМ - МОДОМ се приклучува на протестот организиран од Fridays for future во борбата против климатските промени. Свесни за катастрофалните последици од климатските промени, бараме надлежните институции да преземат итни мерки за справување со климатската криза, како врвен приоритет.

Апелираме преку користење на обновливите извори на енергија, исфрлање од употреба на фосилните горива, подобрување на јавниот транспорт и органското производство на храна, итната борба против климатските промени да почне веднаш.

МОДОМ апелира до Советот на Град Скопје да ги поддржи барањата поднесени од иницијативата Fridays for future и активно да се вклучи во светската борба за заштита на планетата. МОДОМ ги повикува сите млади, на 20 септември да се приклучат на маршот против климатските промени.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета