Ana Petrovska vo Makedonska Kamenica 1

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, денеска оствари работна средба со градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова на тема „Придобивки од спроведувањето на проектот за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион во општина Македонска Каменица“, на кој присуствуваа и членовите на Советот на општина Македонска Каменица, директорот и претставници од ЈП Камена Река.

При тоа се разговараше за моменталните состојби и начини на кои општина Македонска Каменица се справува со складирањето и управувањето со отпадот.

Во рамки на настанотпосетена е постоечката депонија, која комплетно ќе се расчисти и остварена е средба со локалните жители кои изразија задоволство од релизација на проектните активности со кои системски ќе почне да се решава проблемот со дивите депонии кои претставуваат и потенцијална опасност по здравјето на жителите кои живеат во непосредна близина на истите.

Ana Petrovska vo Makedonska Kamenica 1

Главни придобивки од проектот ќе бидат чистење на постојната депонија во општината, изградба на нова претоварна станица, а комуналното претпријатие ќе добие нов камион за собирање на отпадот и нови контејнери за селекција на отпадот.

На средбата со граѓаните беше истакната потребата од заеднички акции на општината, министерството и локалните НВО-а за едукација и подигнување на јавната свест кај локалното население за поитно да профункционира селекцијата и правилното одложување на отпадот, при што постојано ќе се надгледува реализацијата и ќе се овозможи подобра контрола и увид во функционирањето на целиот систем.

Сите предвидени решенија од проектот ќе бидат имплементирани во согласност со постојните ЕУ стандарди од оваа област.

извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета