Ана П

Државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска се сретна со претставниците на Иницијативата за спречување на работа на каменоломите во околината на селата Лабуништа, Подгорци и Октиси. Жителите се интересираа за можните начини за раскинување на договорите за концесија за експлоатација на камен и за превенирање на отворањето на нов каменолом во пазувите на Јабланица - идниот Национален Парк и дел од мрежата на Натура 2000.

 Имено, сопственикот на новиот каменолом извршил сеча на дрвја на огромна површина, пробива пристапен пат во планината и инсталира тешка градежна механизација во недопрена природа, а сеуште нема обезбедено “Б” интегрирана дозвола. Постојните 6 каменоломи, пак, работат во близина на населбите и емитираат прашина, бучава и вибрации што имаат штетно влијание врз здравјето на населението.

Петровска ги упати претставниците на Иницијативата да проверат дали се изминати две години откако е потпишан договорот за концесија за експлоатација за новиот каменолом, и доколку овој период е изминат, да се искористи законската можност Министерството за економија еднострано да го раскине договорот. За постојните каменоломи неопходно е да се провери дали концесионерите постапуваат согласно со добиените “Б” интегрирани дозволи, преку спроведување на инспекциски контроли. Доколку се утврдат отстапувања, потребно е да се суспендира работата на каменоломите.

И покрај тоа што Министерството за животна средина и просторно планирање нема директна надлежност во делот на концесиите, Петровска се заложи за поддршка на граѓанската иницијатива во интерес на заштитата на природата и здравјето на граѓаните.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета