Ljupco Janevski Press Turizam 17.07.2019 1

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) при креирање и реализација на програмските активности цела декада се прилагодува на туристичките трендови и преференците на новите патувачи, како и на потребите и можностите на локалните туристички ентитети. Туристичката промоција на нашата земја веќе десет години е во главниот фокус, како во програмските активности, така и во акционите планови за работа. Преку институционалната соработка и координација со туристичките субјекти на регионално и локално ниво, АППТ придонесува за збогатување на туристичките содржини, а со тоа дава и можност дестинацијата да стане конкурентна на светскиот туристички пазар. Концептот вклучува промоција на одржлив туризам и безбедност на патувачите, а за таа цел се преземаат соодветни активности во насока на подобро развивање на индустријата.

Следејки ги трендовите, нашата земја има идеални предиспозиции, можности и туристички продукти за новите генерации. Тие сакаат да се вклучат и да учествуваат во локалната култура и локалниот начин на живот. Од уживањето во локалната кујна до учество во регионалните фестивали и празници, локалните искуства се дел од врвните туристички трендови.

Ljupco Janevski Press Turizam 17.07.2019 2

Пример за популарно локално искуство во нашата земја е Галичка свада, Д фестивал во Дојран, Охридско лето, фестивалите на отворено во Крушево и Демир Капија, традиционалните манифестации во Источниот регион на Македонија, карневалите и останати традиционални манифестации. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во рамките на своите програмски активности и оваа година објави Јавен повик за доделување финансиска поддршка на културни, забавни, спортски, гастрономски и еколошки манифестации, за развивање и збогатување на туристичките настани и манифестации, како дел од нашата богата култура и традиција. Според критерумите објавени во Јавниот повик минатата година финансиска поддршка добија 25 апликанти, додека, пак, оваа година поддршка добија 35 манифестации од различни региони и општини во земјава.

Ljupco Janevski Press Turizam 17.07.2019 3

Оваа година е во знакот на активните форми на туризам, се мапираа потенцијалните точки и региони кои нудат можност за развој на авантуристичките форми на туризам и нивна одржливост со давање на поддршка во повеќе аспекти и истите ќе се лансираат како едни од најпопуларните дестинации на кои туристите ќе можат да си ги задоволат своите авантуристички апетити. Агенцијата за туризам во соработка со институциите, здруженијата и сите инволвирани и засегнати страни целосно ги реализираше проектите за Спортско качување и Алпинизам. Лансирање на најпопуларните дестинации на кои туристите ќе можат да си ги задоволат своите авантуристички апетити ќе овозможи нови, одржливи атракции и зајакнување на локалниот економски развој. Ултимативната цел на ваков тип на активности е општ пораст и развој на туризмот како индустрија во земјава и воедно пораст на една целна група на туристи –бекпекери, кои се симбол за авантура и независност. Во постапка е реализацијата на проектите за 10 најкачувани врвови во Македонија. Обележување на неколку правци на качување на Бислимска клисура –Куманово и поддршка за развој на локалитет Кукуље село Нов Истевник, Делчево.

Ljupco Janevski Press Turizam 17.07.2019 4

Изминатиот период Агенцијата за туризам ја потенцираше промоцијата на нашата земја во странство преку маркетинг промоција 70/30, односно 70% онлајн рекламирање и 30% принт реклами. Согласно програмата на АППТ за 2019 година се реализираше медиумска кампања во 12 земји: Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Хрватска, Полска, Романија, Шведска, Естонија, Израел и Турција. Посакуваните резултати од медиумските активности зацврстување на туристичкиот бренд на државата, постојана визибилност, како и задржување и зголемување на бројот на туристи од овие туристички пазари. По спроведените анализи и истражувања на пазарот, медиумски активности и промовирање на туристичките потенцијали на Македонија се реализираат преку следниве промотивни каналии: принтани медиуми, промоција во над 20 електронски медиуми, билборд кампања по интернационалната магистрала Е-75, телевизиски прилози, повеќе од 40 репортажи, видеа и гостувања.

Ljupco Janevski Press Turizam 17.07.2019 5

Во првите шест месеци од оваа година АППТ реализираше осум интернационални  саемски манифестации (Утрехт, Брисел, Берлин, Загреб, Белград, Софија, Тирана, Истанбул) со учество на рекорден број ко-егзибитори на македонскиот штанд. Најголем беше интересот за регионалните саеми, посебно за саемите во Србија, Бугарија, Хрватска и Истанбул, Турција. Најавено е и отварање на нови чартери со хрватскиот национален авио превозник со цел зголемување на бројот на туристи од Адриатик регија. До крајот на годината ќе се реализираат саемите во Лондон, Сингапур, Римини, Измир, Варшава со исто така рекорден број на пријавени ко-излагачи од приватниот туристички сектор на Северна Македонија.

Ljupco Janevski Press Turizam 17.07.2019 6

Најбрзо растечки пазари (најголем број странски туристи по земја) во првите пет месеци од оваа година се Полска со раст од 30%, Грција 29%, Хрватска 12%, Бугарија и Романија имаат раст од 11%.

Турските туристи и во првите два квартала од 2019 година се најбројни посетители и уживатели на туристичките содржини низ нашата земја! Раст се забележува кај полските туристи, овој туристички пазар е значаен за македонскиот туризам, во поглед на бројот на туристи и остварени ноќевања, како и нивен придонес во БДП по основ туризам. Македонија е атрактивна во поглед на автентичноста и уникатноста, вредност за парите, широк спектар на понуда и чувство на сигурност, пријателство и гостопримство што го чувствуваат нашите туристи.

Ljupco Janevski Press Turizam 17.07.2019 7

Развојните политики на АППТ се усогласени со Светска Банка, се работи на интегриран пристап за реализација на стратешки проекти заедно со Министерство за економија и сите инволвирани чинители во туристичката индустрија. Поставени се насоки и мастер планови, предложени мерки и активности врз реална основа за зајакнување на три туристички дестинаци, концепт потребен на целиот туристички сектор. Пилот дестинации се регионот на Полог (Шапка, Маврово, Ростуша), Југозападниот регион (Дебар, Охрид, Струга, Ресен) и Вардарскиот регион (Велес, Росоман, Демир Капија, Неготино, Кавадарци). Создавањето и управувањето со “DMO” е практика од словенечкиот модел, која може да се примени и во наши услови. “Destination Marketing Organization” игра клучна улога во долгорочниот развој на дестинацијата, преку формулирање на ефективна стратегија за патување и туризам со вклучен систем на интереси.

Локалните работни групи ќе ги креираат политиките во рамките на регионот, односно “DMO” е интегрирање на туристичкиот сектор на дестинациите, кои со свои предлози, искуства и создавање на атракции, активно ќе работат на управување со дестинацијата и нејзино брендирање.  За посетителот/туристот, “DMOs” служат како портал до дестинацијата. Тие нудат највремени информации за атракциите на дестинацијата. Посетителите ќе имаат можност да се вклучат во интерактивен процес на комуникација со “DMOs”, да добијат мапи, брошури, информации, промотивни книги и списанија објавени/обезбедени од страна на “DMOs” и неговите локални туристички субјекти.

Во подготовки е систем за Е-визиторс на кој се работи заедно со Министерство за економија, концепт кој ќе биде отсликан кај нас по примерот на хрватскиот интегрален модел за регистрација на туристи.

преземено од. www.tourismmacedonia.gov.mk