ДОМ очекува Министерството за економија да констатира истечен рок на концесијата за Иловица. До овој заклучок ќе дојде веднаш, со просто прочитување на договорот, по што може да ја извести Владата. Единствениот логичен епилог е одземање на концесијата на следната владина седница, аналогно на случајот со рудникот Казандол.

rudnik za zlato vo Peru

Ова ќе значи победа на правото, еколошката свест и здравиот разум над лажните ветувања на заговорниците за изградба на опасен рудник над плодното Струмичко Поле. Со ова ќе се врати спокојот кај жителите на околните места, но и кај сите екологисти во Македонија, кои застанаа на фронтот на борбата, свесни за опасностите по здравјето и животната средина.

Како алтернатива на рудниците, државата треба да обезбеди финансиска и техничка поддршка за развој на зелена економија, во форма на органско производство, прехранбена индустрија, еко-туризам, обновливи енергии, паметни технологии и др.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета