European Greens DOM ZNAME

По најавата на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск за можното одлагање за добивањето датум за пристапни преговори на Република Северна Македонија искажана на средбата со Претседателот, Стево Пендаровски, ко-претседателот на Европските Зелени, Рајнхард Бутикофер изјави:

„Европските Зелени итно ги повикуваат сите земји членки на ЕУ да помогнат во отворањето на пристапните преговори со Република Северна Македонија. Блокирањето на една ваква важна одлука ќе значи грешка од историски размери. Тоа ќе предизвика екстремно негативни последици за европската безбедност, за стабилноста на Балканот и за кредибилитетот на ЕУ во меѓународни размери. Ваквата одлука ќе претставува страшно предавство спрема граѓаните на Република Северна Македонија.

Последните две години Владата на Северна Македонија со својата работа покажа јасна верба во европската демократија, подготвеност да се отворат пристапните преговори и покажа капацитет за исполнување на обврските од ЕУ.

Овие политики беа потврдени во Парламентот на Северна Македонија и беа поддржани од граѓаните. Северна Македонија и Грција во овој процес покажаа дека националистичките блокади можат да бидат надминати и дадоа нова надеж за долготрајното ветување за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Се подразбира дека овој пат нема да биде изоден веднаш. Ќе биде потребно време и напор за имплементација на Копенхашките критериуми без кои интеграцијата би била невозможна. Но, Северна Македонија преку своето дејствување заслужи конечно да почне да се движи напред кон комплетна инклузија во европското семејство.

Владите на земјите-членки треба да покажат макар половина од храброста што ја покажаа граѓаните на Северна Македонија и да се согласат да започнат пристапните преговори со ЕУ“.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета