Lile fotka golema secena

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, ги демантира спиновите што беа претставени во јавноста деновиве, додека таа беше на службен престој во Белград, на Зелен економски конгрес.

„На средба со парламентарци од Хрватска ги замолив хрватските  колеги да и помогнат на Македонија за добивање датум за преговори во јуни и да ја објаснат македонската состојба пред  колегите од ЕУ. Како блиска земја од регионот може полесно да ги разберат нашите фрустрации со долгогодишното чекање пред вратите на ЕУ, кога дебатите на оваа тема се претворија во мантра. Како пратеници направивме огромна жртва, за да не остане Македонија заборавена, откако целата меѓународна заедница застана зад Договорот од Преспа, како последен услов за нашите евроинтеграции. Истакнав дека евентуалното недобивање датум, ќе биде огромно разочарување за сите граѓани, а голема е веројатноста да дојде до политичка криза, подем на национализмот и дестабилизација внатре во земјата и во регионот, имајќи го предвид регионалниот контекст,“кажува Поповска.

„Емоции во обраќањето имаше, зашто сум искрено загрижена за иднината на Македонија, но не знам кој видел да се леат солзи??“ вели Поповска, додавајќи дека нејзиниот исказ е во духот на сите нејзини досегашни изјави и ставови по ова прашање.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета