European Greens FLAG

ДОМ им честита на своите сестрински зелени партии за историски најдобриот резултат на изборите за Европскиот парламент. Оваа институција е заплисната со силен зелен бран и обезбедени се 70 пратенички места или 9,32%. Ова е поддршка за нова Европа и за програмата за климатски промени, социјална правда, зелена економија, владеење на правото и демократија.

Зелените направија спектакуларно удвојување на гласовите во Германија, каде освоија 21,9% и станаа втора партија. Најголем број од овие гласови доаѓа од младите, каде зелената опција е прв избор кај дури 36% од нив! Извонредна поддршка добија и во Франција, Белгија, Данска, Финска, Ирска, Велика Британија, Австрија, Холандија, Шведска, Литванија, Латвија и Луксембург, каде резултатите се движат од 11-18%.

Растот на зелените е пред се придобивка за прогресивна Европа, но тоа е значајно и за Македонија, зашто тие се најголемите поддржувачи на евроинтеграцијата на Западниот Балкан и создавање обединета Европа. Првите изјави на водечките личности на зелените беа ветување дека во Европскиот парламент неуморно ќе работат за граѓаните, за Европа и за Планетата.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета