59396794 738964666501117 1226047012198154240 n

ДОМ апелира Владата на Република Северна Македонија итно да го усвои и достави до Собранието, Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Овој Закон обезбедува формално-правни предуслови за ефективно управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и спречување активности кои негативно влијаат врз  исклучителните универзални вредности на доброто. Со Законот се дефинира составот и надлежностите на Советот за Охридскиот регон, како стручно и советодавно тело на Владата. Се утврдува рок од 6 месеци за донесување на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. До донесување на Планот времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и постапките за вклопување на бесправно изградени објекти. Исто така, времено се прекинуваат постапките за изработување и донесување, како и постапувањето по донесените урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации.

Носењето на нов Закон за управување со Охридскиот регион е и еден од заклучоците на собраниската надзорна расправа, одржана од Комисијата за култура, на иницијатива на неформалната група “Пратеници-пријатели на УНЕСКО”, чиј координатор е претседателката на ДОМ, Маја Морачанин. Во новиот Закон се вградени препораките на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО од април 2017 година, кои се однесуваат на потребните законски измени. Доколку во 2019 година не се спроведат приоритетните препораки на УНЕСКО, Охридскиот регион може да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Тоа негативно ќе влијае на заштитата на природното и културното наследство, но и на интересот на туристите и  приходите од туризмот.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета