ДОМ знаме

ДОМ ја изразува својата поддршка на кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, д-р Константин Георгиевски кој го прифати барањето на ДОМ, да обезбеди спроведување на препораките на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, кои се во надлежност на општина Охрид. Пред се, кандидатот за градоначалник се обврза дека ќе ги спроведе следните препораки:

  • Да се спроведе мораториум на крајбрежна и урбана трансформација во рамките на доброто, до усвојувањето на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион
  • Да се направи инвентаризација на сите диво изградени објекти во рамките на доброто
  • Да се спроведува доследно законската регулатива со цел спречување натамошна изградба на диви градби во крајбрежниот појас, урбаните и руралните средини

Зелената партија, ДОМ се залага за спроведување на овие препораки поради зачувување на светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, заштитено од УНЕСКО. Доколку препораките не се спроведат, Охридскиот регион може да биде впишан на листата на светско наследство во опасност.