ДОМ Фотографија

Претседателскиот кандидат проф. д-р Стево Пендаровски даде цврсто ветување и недвосмислена поддршка за заштитата на животната средина и борбата со климатските промени, што беше барање на ДОМ за негова поддршка како заеднички коалициски кандидат за Претседател.

Органите на ДОМ оценија дека Пендаровски го има потребното професионално и политичко искуство за компетентно извршување на оваа висока државна функција. 

Освен тоа, тој е познат и по својот долгогодишен активен придонес во процесите на македонските евро-атлански интеграции, што е една од стратешките цели на ДОМ како зелена партија