Bolnica Cair

По алармот од градскиот инспектор и градоначалник на Град Скопје за загадувањето од болницата Чаир поради греење со мазут, има најава од Министерството за здравство дека ќе го решат проблемот и тоа го поздравуваме.

ДОМ потсетува дека многу јавни установи како што е болницата Чаир (други болници, училишта, градинки) може итно да се решат со Програмата за воздух при Министерството за животна средина. Замената на горивата и горилниците во јавни установи беа, впрочем, и најавени како дел од целите на оние 2 милиони евра. Затоа не треба да се чека следната зима, туку да се делува веднаш за намалување на загадувањето!

Во случаи како што е сегашното аерозагадување, Министерството за животна средина може да ги примени одредбите за „крајна итност“, од членот 55 од неодамна донесениот Закон за јавни набавки и веднаш да пристапи кон реализација.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета