Smog Kameni Most

ДОМ ги прашува надлежните институции на државно и локално ниво, кои наместо прогласување аларм за повеќенеделното аерозагадување, чекаат ветре да го расчисти небото: колку Лондонски смогови голтнавме зимово и уште колку ќе голтаме? Зарем е малку да има со недели ПМ10 од 100 до 400 микрограми на метар кубен во десетина македонски градови? Зарем е битно дали има прекини од 2-3 дена помеѓу екстремите? Ова е вонредна состојба со аерозагадувањето и тоа треба да се каже и да се преземат конкретни мерки за негово намалување!

 За појаснување, Лондонскиот смог се случил 1952 година, кога по петдневно екстремно загадување во Лондон се проценува дека умреле околу 4.000 лица, а во следните месеци уште 6.000. Тоа бил силен аларм за надлежните да преземат итни краткорочни мерки, пред се рестриктивни правила за индустријата и домаќинствата за употребата на горива. Подоцна, во 1956 година е донесен и првиот Акт за чист воздух за Обединетото Кралство, прв таков и во светот.

И македонските надлежни треба да одлучат да се применат итни мерки кои се познати и пропишани: пар-непар за колите, бесплатен јавен превоз, забрана за тешки возила во градските центри, стоп за градилиштата, преполовување на индустриското производство, засилена контрола на сите стопански загадувачи (големи, средни и мали), миење на улиците. Паралелно треба да течат субвенции за печки и горива за домаќинствата, транзиција од фосилни во обновливи горива, како и редица други мерки.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета