LIK 3239 1

ДОМ е разочаран што на денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието, не беше усвоен предлогот на пратеничката Маја Морачанин, Законот за спречување и заштита од дискриминација да биде ставен на дневен ред и да се отвори дебата по ова законско решение.

Апелираме до сите членови на Комисијата, независно од нивната партиска припадност, да овозможат Законот да се разгледува како прва точка на следната седница на Комисијата.

Поминаа 6 месеци откако Законот за спречување и заштита од дискриминација беше доставен до Собранието на Република Македонија, од страна на Министерството за труд и социјална политика. Со него се врши усогласување со правото на Европската Унија и и почитување на меѓународните стандарди од оваа област. Целта на Законот е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи.

Потсетуваме дека во последниот извештај на Европската Комисија, се препорачува усвојување на овој Закон и усогласување на останата законска регулатива со него.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета